Спасувај магарињата, батали децата!

by Фокус

Eдно утро решив малку да се инфицирам со убавините на преродбата, да примам доза ТВ-инфузија од која наеднаш живеачката ви изгледа како во рајот. И така, во мојот дом пуштив да зрачи еден од верните ТВ разгласи за пастирската безгрешност.

И се шашардисав кога една патриотка се вклучи со тезата дека не било сѐ така црно тоа што ни бегаат младите од државата! „Па, нека бегаат“, реплицираше, исчудувајќи зошто воопшто некои се загрижени за ова емигрантско цунами.

Тоа си било, демек, смена на генерации. Ќе дојдат нови деца, рече!

Ауууу, тие би му дошле како заменски деца!?

Ме потсети ова на вицот, за колибата на едно сиромашно семејство што ја зафатил пожар. Кога невестата тргнала да го спасува детето, мажот ѝ свикал: „Батали мори детето, глеј го магарето. Ќе направиме друго дете, ама магаре немојме!“

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”