Со Груевски, ама веројатно и со Ахмети – нема ЕУ!

by Фокус

Во целата оваа навалица на вести и информации по објавувањето на Извештајот на Европската комисија за Македонија, една работа како да се „провлече“ и остана незабележана.

Или само така ни се чини.

Имено, во она што за некои е препорака, а всушност е само најава за неа во некое идно условено време, стои: „Комисијата е подготвена да ја повтори својата препорака за отворање на пристапни преговори на Македонија.

Но, таа ќе биде условена со континуирано спроведување на политичкиот договор од јуни/јули и со значителен напредок во имплементацијата на итните реформски приоритети.

Ова прашање ќе биде повторно разгледано по изборите“. Тоа, зошто да не, може и поинаку да се толкува.

Ги чекаат ли изборите во кои сѐ поизвесно е дека ќе има битни политички промени во Македонија?

Поточно, сметаат ли во Брисел, или се надеваат, дека ниту Никола Груевски ниту Али Ахмети повеќе нема да се на власт?

Оти, ги доживуваат како главни кочничари на европскиот пат. Ако е така, тогаш сосема логичен е заклучокот. Со нив двајцата – нема ЕУ!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”