Власта ме уценуваше да го наместам Заев дека нарачал насилство против полицијата!

by Фокус

Скопјанецот Бошко Јосимовски Црвен е осуден на две години и четири месеци затвор за учество во толпа и попречување полицаец во извршување службена задача во текот на протестите пред Владата на 5 мај оваа година, поттикнати од објавените аудиоснимки на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски.

Тогаш, илјадници граѓани излегоа да протестираат во знак на револт што власта сакала да го скрие убиството.

По неколкучасовните протести, полицијата примени сила за да ги растури демонстрантите, при што дојде до судири, по кои десетици граѓани беа приведени. Неколкумина од приведените подоцна беа и осудени.

Најригорозната казна – две и пол години затвор му беше изречена токму на нашиот соговорник Јосимовски, а останатите добија пониски казни и условни осуди.

Јосимовски и претходно е осудуван, но токму за овие протести тврди дека насилници од владејачката партија се обиделе да го искористат за одмазда против опозицијата

Разговараше
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”