СЈО: Прво, па женско!

by Фокус

Конечно се случи и тоа долгоочекуваното. Новата специјална институција го покрена своето прво обвинение. И тоа на ден, кој долго, граѓаните на Македонија ќе го паметат како ден кога видоа и просведочија како Македонија е најубава кога е праведна.

И таа убавина не беше само од атмосферата што јавноста имаше можност да ја проследи во СЈО на тој историски ден. И не само таа убавина што зрачеше од сите присутни таму, жени и мажи, како претставници на првата со најширок можен консензус формирана институција кога било во Македонија.

Туку убавината одеше потаму, токму во прво тоа покренато обвинение. Всушност, тоа што со првото обвинение се задржа истoто ниво на консензуална поддршка за СЈО во јавноста и општеството, а можеби дури и се зголеми, ја докомплетира убавината на тој настан, институција и луѓе, до толку што луѓето се потсетија, дека не случајно надежта е убава.

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”