Господ нека ни е напомош, со декани од типот на Каракамишева и на Андонов!

by Фокус

Луѓето очигледно живеат во виртуелен свет. Не гледаат дека десетиците квазиуниверзитети упорно штанцаат дипломи и продуцираат кадри, кои немаат шанса за коректно вработување.

Едно чудо високо образовани луѓе прифаќаат да работат на каса во супермаркет за плата од 12.000 денари, а сето тоа како резултат на галопирачката продукција на стручњаци, кои објективно нема каде да се вработат.

А за научно наставниот кадар и да не зборуваме.

Секојдневно, на режимските телевизии гледаме нови доктори на наука и универзитетски професори на кои на ѕид да им нацртате 3 кози, 2 веднаш ќе им побегнат.

Сите тие силни доктори, свесни за својата интелектуална и образовна слабост, упорно се обидуваат да закачат некоја привилегија, интелектуално проституирајќи се со владејачката врхушка, неретко играјќи ролји на вистински дворски шутови.

Пишува:
Александар ТОРТЕВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”