Синот на Муса Џафери влезе во бизнисот со струја

by fokus

Откако излезе од ЕФТ Македонија, Кочо Анѓушев ја формираше „Енерџи Деливери Солушнс“ (ЕДС), која за кратко време се етаблира како водечка компанија на пазарот за електрична енергија, испорачувајќи струја до половина од компаниите што се квалификувани потрошувачи.

Меѓутоа, работата на оваа компанија во минимален дел се потпира на тендерите за набавка на струја од државните институции и органи, кои главно ги добивале „Мист Енерџи“ и „Фјучр Енерџи“, формирани веднаш по „ЕДС“.

Во меѓувреме, на овој пазар влегоа и нови компании, од кои може да се издвојат „Сее Пауер Трејдинг“, која е регистрирана на иста адреса, како и адвокатското друштво „Чукиќ и Марков“, чиј основач е шура на Иво Котески, како и „У Повер“, основана од Аријанит Џафери, синот на Муса Џафери!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”