Шутраци – патриоти

by fokus

Кога ВМРО-ДПМНЕ го зграпчи ексклузивитетот да се „грижи“ за името на државава и за идентитетот на Македонецот, во истиот момент си реков: „Леле, го обравме бостанот!!!“ Откако се појави на политичката сцена со позата и реториката на селски шмеќар, беше јасно дека со овие не стасуваме подалеку од Драчево, Тресонче и Мрзенци.

Срцепарателните, накитени додворувачки изливи на севда, горливото вознесение, тешката патетика и чаталењето од страна на нашиов „нагизден ерген“ ѝ го зедоа умот на Македонија.

Таа тогаш сè уште беше една чупа, убаа, малку подизгубена откако се раздели од петте сестри, наивна и чедна, срамежлива, со зацрвенети образи и со очи вперени во небото, чекајќи од Господа со милост да ја благослови вековната тајна врска меѓу неа и ВМРО!!! Но, благословот не стаса!

Пишува
Ана ПАНОВСКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”