Шурата на Иванов незаконски наплатил 300.000 евра од државата?

by Фокус

Сашо Тоневски, брат на Маја Иванова, сопруга на претседателот Ѓорге, со својата фирма „Делфино медикал“ успеал да наплати повеќе од 19 милиони денари отштета од државата, или 300.000 евра, поради прекинувањето на сомнителниот договор со Фондот за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали, за кој ексдиректорот Рубинчо Заревски беше осуден на 2 години условна казна затвор.

Судот пресудил висока отштета за Тоневски, иако дел од медицинските материјали што му останале на залиха, „Делфино медикал“ ѝ ги продала на веледрогеријата „Пановски“, но тоа братот на сопругата на претседателот не го пријавил во судот, па си наплатил двапати. „Пановски“ поднесе кривична пријава за измама против Сашо Тоневски, но прашање е дали судскиот процес воопшто ќе почне и како ќе се одвива, ако се знае дека Филимена Маневска, сопруга на ексминистерот за правда Михајло, двојка која долги години дрмаше со македонската неправда, и е многу блиска до претседателот Иванов, сѐ уште има свои инсталации во „Сваровски“ судството

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”