Што сѐ ѝ спрема Месијата на Македонија?

by Фокус

Груевски е и како Дедо Мраз, со особини на Итар Пејо, кој ќе ни извини за споредбата…

Рашетан со микрофончето низ целата земја, по градови, сокаци, села и ниви, со договорените телефонски „шепотења” пред ТВ-камерите, раздава ли раздава саде успеси, но и прелесно дадени ветувања…

Не престана, како и сиве овие години откога е на власт, со замајувањата на ионака шашардисаните, уплашени, уценети и осиромашени граѓани. Им ги решава „маките на луѓето”, а десетта година е на власт.

Лечење без тендери, станови, зголемува пензии и плати, бесплатно ќе ги вози студентите, недобројни странски инвеститори, патишта асфалтирани, спортски сали, водоводи и фекални канализации. Кога нема никакви резултати од „фалименто” политиките, сево ова го „продава” како лижавче за мали деца и шарени балони.

Колку работите се поцрни, тој ги претставува сѐ побели.

Кај да е, ќе најавува и по две-три странски инвестиции дневно со илјадници вработени. Можеби и ќе вети по едно милионче евра за секој гласач.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”