Ќе бара ли Груевски мандат за премиер од притвор?

by Фокус

Специјалното обвинителство објави оти изборните нерегуларности се приоритетни.

Извори за „Фокус“ коментираат дека обвинителите до изборите ќе настојуваат да падне митот за власта, која е непобедлива во неколку изборни циклуси, односно да се докаже дека изборните победи не се заслужени или пострашното – дека биле наместени.

Со оглед дека правосилни пресуди не се можни, затоа е неопходно до април да има отворено истраги, кои, пак, ќе отворат можност многумина актуелни владини функционери да завршат во притвор.

Евентуалното притворање на Груевски и свитата, по отворањето истрага во специјалното обвинителство, од една страна ќе го намали нивниот кредибилитет и ќе го покаже нивното вистинско лице на насилници и криминалци, но од друга, на што мора да се внимава, е тие да не се претворат во жртви, па да се создаде лажна аура на маченици со која некако би го прелажале народот да гласа за нив

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”