Што правеше ДУИ во владата во овие седум години?

by Фокус

По неколку неуспешни обида, поради внатрепартиските препирки меѓу разните крила, ДУИ конечно организираше конгрес, во време на најголемата криза во која се наоѓа Македонија. Али Ахмети повика опозицијата да ги обзнани сите негови прислушувани разговори, затоа што тој не бил од оние кои ноќе мислеле какво зло да направaт преку ден, нивните политики биле државотворни и транспарентни, немале тајни соработки ниту со ДПМНЕ, ниту со СДСМ, а единствен стратешки партнер им бил народот.

Дел се од власта кога Македонија стана земја на политички затвореници. Власта во која тие партиципираат, затвори медиуми, А1 ТВ и трите весници, од кои едниот на албански јазик.

Посебно подмолно зло направија за „црниот понеделник“ во кој тие одиграа своја улога на „набљудувачи“ при исфрлувањето на пратениците и новинарите од Собранието!

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”