Најперверзната вистина за современиот авторитаризам денес е што мнозинството не е свесно за неговото постоење.
Таков е случајот и со граѓаните на Македонија. Оваа аномалија потсетува на чувство за добро здравје. Веројатно секое утро не воскликнувате весело: Јас сум здрав како челик.
Слично е и со авторитаризмот, слично беше и со тоталитаризмот.
Ако се разбудите некое утро и констатирате дека живеете во еден авторитарен свет, тоа значи дека сте болни, вели Библијата на тоталитаризмот.
Груевски би дал и кралство за коњ, слично на Ричард Трети во 1529 година, кој го опеал Шекспир.
Тој дели државни пари, покачување плати, нови вработувања, веројатно нови олеснувања за пензионерите и студентите и за земјоделците. Навистина дава сѐ само да ја сочува власта.
Него не му е битно колку ќе чини тоа. Одеднаш големиот лав, кому никој не смееше да му се спротистави, доби карактеристики на уплашено глувче желно за своите привилегии и функции.
Пишува
Нано РУЖИН
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”