Што ќе ни се странски експерти, ако Груевски ја води истрагата?

by Фокус

Откако јавното обвинителство најави дека побарало експертска меѓународна помош за аферата со прислушувањето, за момент се постави прашањето дали обвинителите конечно признаваат дека не можат сами да се справат со ситуацијата?

Дали признаваат оти им треба независна помош, за власта да не може да им дише во врат, или, поточно речено, во телефонската слушалка.

Но, набрзо премиерот Груевски ја реши енигмата кога рече дека се радува на ваквото барање.

Штом тој се радува, на граѓаните им останува да тагуваат, бидејќи уште сега е јасно дека улогата на странските експерти ќе биде само алиби за истрагата што ќе ја води Груевски

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”