Сега е јасно дека Мијалков не бил случајно сменет во 2000-та година!

by Фокус

Кога некој многу години работел во МВР, при што бил и директор на УБК (од 1999 до 2001 г.), а за време на широката коалиција, пак, (мај 2001 до ноември 2002 г.) ја извршувал функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, тогаш може да смета за вистински соговорник за контроверзиите со акцијата „Пуч“ и „бомбите“ на Заев.

Во разговорот за „Фокус“, Горан Митевски тврди дека е невозможно странска служба да прислушува над 20.000 лица повеќе од 4 години.

Верзијата со комбето, пак, ја смета и апсурдна.

Иако обвинителството и судството ги оценува како контролирани од власта, сепак верува дека во процесот по кривичните пријави на опозицијата ќе се откријат интересни работи.

Особено зошто Сашо Мијалков бил сменет од функцијата помошник на министерот за безбедност и разузнавање во ресорот Одбрана во владата на Георгиевски!

Инаку, Митевски заминува од МВР со доаѓањето на Хари Костов за министер

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”