Што ако царот е гол, кога царува со земја на нудисти?

by Фокус

Разголувањето на расипаноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ нема никого да изненади, оти сите, а особено верните фанови на Груевски одамна знаат дека оваа власт е корумпирана до даска.

И токму затоа, бомбите нема да го срушат Груевски, па макар биле и за име, и за не знам што. Тие што го гласаат Грујо не го гласаат заради зачувувањето на името, туку заради парите што им ги дава.

Дознавме, благодарение на бомбите на Заев, дека царот е гол. Ама, благодарение на реакциите на јавноста, дознавме и дека не вреди што царот е разголен, кога тој царува во земја на нудисти на кои голотијата и не им пречи толку многу.

Патот кој ќе доведе до падот на овој „гол ко од мајка роден“ режим, треба да почне прво со разбирањето на психологијата и менталитетот на политичкиот нудизам.

Потоа, сѐ ќе биде многу полесно.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”