Шарената револуција ќе го плати криминалниот проект „Скопје 2014“

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков реши да го стегне обрачот околу Шарената револуција, казнувајќи ги демонстрантите што фрлаат боја врз објектите од проектот „Скопје 2014“, засега со по 50 евра.

Проценетата штета врз неколку објекти и споменици од Бирото за вештачење, според документите врз кои „Фокус“ имаше увид, стигна до 90.000 евра, а ако се има предвид дека има уште споменици и објекти чија штета не е проценета, таа секако ќе порасне над 200.000 евра.

Власта бара демонстрантите, од кои некои се обвинети и за кривични дела, да ја надоместат штетата.

Поради неможноста да се избрише бојата од некои објекти, како Агенцијата за медиуми, на пример, фирми предлагаат замена на мермерот, бронзата и други скапи делови од фасадата, што може вртоглаво да ја зголеми сумата, која Чавков сака да ја наплати од демонстрантите.

Дали на Фамилијата ќе ѝ успее да ја замолчи Шарената револуција, односно со високите казни да ги уплаши граѓаните што протестираат против заштитата на криминалот на власта, одговор ќе добиеме деновиве, но јасно е дека ДПМНЕ нема намера да се откаже од диктатурата и од самоволието

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”