Се надградува и се проширува скандалот со прскањето против комарци: Дали тендерските шеми, тешки повеќе од пола милион евра, го загрозуваат здравјето на граѓаните?

by bogdan 11:42
11:42

Само два дена по излегувањето на текстот во неделникот „Фокус“, на 23 април, годинава на Бирото за јавни набавки се појави новиот склучен договор за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви на подрачјето на Градот Скопје за 2026 година.

Според податоците на БЈН, на тендерот се пријавила само една фирма, која дала единствена понуда, а станува збор за компанијата „Аероклуб Скопје ДОО Чучер Сандево“, предводена од управителот Предраг Чемеркиќ. Целата бизнис-зделка тежи речиси 600 илјади евра.

По искуство од претходните години, кога јавно беше објавено името на фирмата што го набавува средството против прскање на комарци, сега се планираат нови тендерски игри.

Па така, се избира само компанијата што ќе го врши прскањето, но тајна останува клучната фирма – која го обезбедува средството против прскање.

Односно кој е биоцидот што ќе се користи за да се уништат комарците и дали тој ги исполнува условите или сè е само замачкување очи?

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК