Незавршениот автопат Кичево – Охрид, за 12 години „извози“ неверојатни 800 милиони евра!

by bogdan 10:50
10:50

Автопатот во должина од 57 километри почна да се гради пред 12 години во 2014 година, а од тогашниот премиер Никола Груевски беше најавена како најголема инфраструктурна инвестиција во последните 50 години.

Досега се пуштени нецели 40-тина километри, и тоа делниците Врбјани – Ботун (20 километри) и Климештани – Охрид (17 километри), додека другиот дел сè уште е во изградба.

За изградбата првично беа планирани 374 милиони евра, но со анексите што се редеа низ годините, чинењето на автопатот драстично се зголеми и досега се реализирани речиси 560 милиони евра или над 93 отсто од предвидената сума за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

Ако досега исплатената сума е поголема од 93 отсто од предвидената, тогаш финалната, според досегашните проекции, требаше да изнесува близу 600 милиони евра.

Ако на оваа сума од околу 600 милиони евра се додадат и 186 милиони евра од новиот – осми анекс, изградбата на автопатот се доближува до границата од дури 800 милиони евра.

Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК