Доколку актуелниот предлог-закон за заштита од пушењето биде усвоен, Македонија би вовела речиси целосна забрана за пушење во затворени простории, што ја доближува земјава до најстрогите европски практики.
Сепак, се поставува прашањето колку пресликувањето на словенечкиот и други модели што вклучуваат ригорозни мерки и забрани ќе ја постигнат главната цел за намалување на пушењето, со оглед дека беа публикувани студии со наводи дека нелегалната дистрибуција се зголемила откако била забранета продажба на електронските цигари и никотинските ќесички со вкусови и ароми.
Згора на тоа, крајно дискутабилно е и изедначувањето на класичните тутунски производи и електронските цигари, не само за дел од домашните експерти, туку и за меѓународната стручна јавност, имајќи предвид дека реномирани научници тврдат оти појава на регулирани незапаливи никотински производи, како е-цигари, создале историска можност за забрзување на крајот на епидемијата на пушење, т.е. за создавање на т.н. „свет без чад“ или „свет без пушење“ до 2040 година. За што поточно станува збор?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК