Сашо Мијалков и официјално станал газда на хотелот „Мериот“!

by fokus 12:44
12:44

Во минатиот број на „Фокус“ пишувавме дека „Бест Веј Инвестмент“ во сопственост на семејството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков месецов ја основал компанијата за приредување игри на среќа „Макс Бет“, во партнерство со контроверзниот српски бизнисмен Саша Марчета.

Но, новите податоци што ги обезбедивме покажуваат дека Мијалкови истовремено станале косопственици на „Дивелоп Груп“, откако го презеле уделот од „Орка Холдинг“ на Орце Камчев. Инаку, „Дивелоп Груп“, чиј најголем сопственик е долгогодишниот управител на друштвото Александар Ивановски – Теранова, го изгради хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, а воедно поседува атрактивни градежни парцели на охридското крајбрежје и во близина на македонско-грчката граница кај Гевгелија

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”