Самит за Западен Балкан – втор пат, Груевски на самитот – последен пат!

by Фокус

Кај па сега најдоа да го организираат Самитот за Западен Балкан во Виена? Токму кога е жестока политичка предизборна кампања. Колку странски инвестиции ќе останат непривлечени.

И колку нови или „пишман“ закони ќе останат недонесени. За намалените казни и за зголемените пензии, ич збор не станува.

Па знаат ли тие колку многу села и градови ќе посетеше премиерот Груевски тие два дена? И колку проблеми на граѓаните, само со еден телефонски разговор пред ТВ-камерите, нема да бидат решени.

Колку пак, ем локални, ем асфалтирани патишта, спортски сали, тениски терени во селата, делници од автопати, еднаш отворени фабрики и работни места, а богами и прозорци и радијатори – ќе останат неотворени. И реконструираните училишта и амбуланти.

Или, селски водоводи и неколку метри фекална канализација. Што, за волја на вистината, и најмногу ни треба. Поради фекалиите во кои ја доведе Македонија. Не му успеа ни „Јужен тек“, ни „Турски тек“. Затоа, Пастирот се здаде на „Фекален тек“. Посоодветно, здравје!

Плус, еве, и да не беше решавањето на „маките на луѓето“, Груевски ќе можеше сосема и на раат да се посвети на целосното остварување на Договорот од Пржино, препораките од документот на Прибе, заклучоците на Европскиот Совет.

За кои, се пофали, имаше „инстант“ Акционен план со сите неопходни реформи во Македонија.

И само што му „тргна“, оти „гореше од желба“, таа „клета“ Европа, а и Виена, му ги пореметија плановите. Што карма ќе е од која не се бега!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”