„Ровер“ и „Изгрев“ мора да завршат со ослободителни пресуди!

by Фокус

Правдата најчесто е премногу бавна или, пак, недостижна. Сведок на ова правило, произлезено од македонското правосудство, е и адвокатот Димитар Савовски, кој веќе четири години е дел од одбраната во случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Но, Савовски, освен на бранителското столче седнал и на обвинителната клупа, бидејќи е еден од обвинетите во случајот „Изгрев“, кој во судските лавиринти е заглавен веќе седум години.

Заедничко за овие два случаи е тоа што наскоро по третпат ќе влезат во Кривичниот суд, откако Апелациониот суд по вторпат ги укина првостепените пресуди. „Ровер“ во судница влегува деновиве, а „Изгрев“ наредниот месец.

И двата предмета го привлекуваат вниманието на јавноста, бидејќи го имаат епитетот на политички и монтирани случаи.

Токму за тоа зборуваме со Савовски, кој се надева дека конечно ќе им дојде крајот, а обвинетите ќе ја дочекаат слободата

Разговараше
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”