Ревизорите го уловија министерот Јолевски за тајните набавки од 250 милиони евра

by fokus

Секторот за внатрешна ревизија во Министерството за одбрана, во февруари годинава излегол со Меморандум за тајните тендери во одбраната, до чија содржина ексклузивно дојде „Фокус“.

Старешините направиле ревизија на процесот на опремување и модернизација на АРМ, во кој наредните десетина години треба да се потрошат 250 милиони евра народни пари и забележале стратешки грешки и пропусти, кои го рушат планот на власта за тајна набавка на опрема и оружје.

Стручната анализа на процесот открива дека МО немало ниту Програма за набавки, ниту, пак, ги усогласило долгорочните и среднорочните планови за опремување и модернизација на АРМ.

Сепак, министерот Јолевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ не го запираат скандалозниот процес!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”