Република Шутка!?

by Фокус 18:25
18:25

Во Општина Шуто Оризари, од запишани вкупно 22.385 избирачи во првиот круг на претседателските избори излегле да гласаат само 6.464 од нив, или точно 30.09 проценти. Ниту третина, што е 33.33 проценти!

И покрај сета врева што и на овој, како и на сите претходни изборни циклуси се крена околу гласањето во Шутка, и покрај сите информации за купување гласови за ситни пари од крајно осиромашените жители на таа бескрајно осиромашена општина, со целиот вложен труд на добро уиграната и искусна изборна машинерија не успеаја да се изнесат на гласање ниту третина од гласачите!

- Advertisements -

Па, каде се другите две третини од гласачите на Шуто Оризари? Смртта не е изговор да не се гласа зашто тоа одамна е надминат проблем за нашиве изборни „воскреснувачи“.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”