Република Клиентелија

by Фокус

Поминаа осум месеци од првите вести за прегазени мигранти по македонските пруги. На 31 октомври лани, мигрант од Авганистан беше прегазен кај Велес, два дена подоцна, Сириецот Зијуат го загуби животот на истата пруга кај Неготино.

Татко и бебе од Авганистан беа прегазени кај Велес на 6 ноември, двајца браќа од Сирија ги загубија животите на 14 ноември, а серијата трагични настани кулминираше со смрт на 14 мигранти прегазени на пругата Скопје – Гевгелија кон крајот на април.

До тој трагичен настан вкупно 31 мигрант ги загубија животите и билансот не остана на таа бројка.

Тоа е таа гротеска од земја каде што во затвор завршуваш ако му помогнеш на човек во мака, а ако корумпираш, местиш тендери, се одмаздуваш со помош на целиот државен апарат, делиш правда со помош на судии од извесно списоче, креираш информации за граѓаните со новинари од исто такво списоче, ја добиваш најмоќната функција во државата.

Пишува
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”