Има ли луѓе во оваа држава?

by Фокус 18:50
18:50

Оваа држава стана пекол и за имигрантите кои сакаат само да поминат низ неа. Толку многу неправда кон најранливите, на толку малку територија, сред Европа, во 21 век, изгледа незамисливо.

Имигрантите, најчесто од Сирија, бегајќи од војна, преку Турција, Бугарија и Грција доаѓаат во Македонија, со една желба – што побргу да стигнат во некоја од земјите во ЕУ, каде што би можеле да преживеат додека заврши војната во нивната земја.

- Advertisements -

Се плашам дека ова мало парче земја ќе биде проколнато од солзите на децата и од немоќните жени и мажи, кои бегајќи од војна во Македонија го доживеаја она од што бегаат.

Бегаа од смрт, насилство, силувања, пљачкања, киднапирања – а сето тоа оваа земја им го приреди.

Се плашам дека и ние ќе бидеме проколнати од солзите на немоќните имигранти затоа што ништо не направивме да не им се случува тоа.

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”