Радикалите од ВМРО-ДПМНЕ прават проруска партија

by fokus

Во пресрет на најавената внатрепартиска реорганизација и промоција на нови луѓе во органите на ВМРО-ДПМНЕ, стигнуваат најави дека опозициската партија целосно ќе се отвори кон албанските партии и меѓународната заедница, со цел да го поправи нарушениот имиџ и да стане конкурентна во трката за власта.

За таа цел, кругови блиски до партијата стимулираат формирање и на нова политичка партија на антизападна основа, која би се формирала од членови на ГДОМ и движењето „За заедничка Македонија“, докажани русофили и анти-НАТО ориентирани интелектуалци, новинари.

Партијата би ја финансирал руски бизнисмен во Македонија и таа треба да ѝ помогне на ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од одредени ретроградни и радикални структури.

На тој начин, тие ќе се слеат на едно место, така што по некое време, во други околности, повторно би се вратиле во матицата

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”