Првиот антикорупционер, нов заштитник на власта

by Фокус

Претседателот на Антикорупциската комисија, Горан Миленков, од обичен адвокат стана главен заштитник на корупцијата и криминалот на Фамилијата.

Во тоа обилно му помага и неговото потесно семејство, мајка му Лилјана Миленкова, која беше меѓу предводниците на здружението стечајци „Жртви на транзицијата“, кои беа најгласни на контрапротестите на ДПМНЕ.

Неговата сопруга, пак, Софија Миленкова, родена Мудинова, е судијка во Основниот суд Скопје 2, против која, очекувано, не помина барањето до Судскиот совет за нејзино разрешување поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Но, таа е и единствената преживеана од струмичкото семејство Мудинови, по свирепото трикратно убиство во далечната 1992 година, кога нејзиниот брат, мајка и татко беа ликвидирани од нарачани убијци.

Истрагата тогаш не успеа да ги открие извршителите и нарачателите на убиството, иако беше насочена и кон луѓе блиски до семејството Мудинови

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”