Пропагандистот на Туѓман доби 4,6 милиони евра за да снима вмровска класика!

by Фокус

Винко Грубишиќ, главен медиумски и ПР стратег на десничарската ХДЗ во времето на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, кој во Хрватска е познат по својата гебелсовска пропаганда во 1990-тите, но и по приватизацијата на продукцијата „Јадран филм“, која од реномирана куќа сега е претворена во руина, добил неверојатни 4,6 милиони евра од македонската Агенција за филм на конкурсот за ТВ серијал од 130 епизоди за македонската историја во наредните четири години.

За да му се овозможи пристап до државни пари во Македонија на Грубишиќ, лани експресно се направени законски измени со кои Агенцијата, освен филмови, сега може да финансира и играни ТВ серии.

„Фокус“ открива дека Грубишиќ проектот го добил многу лесно, зашто и покрај десетината други учесници, немало вообичаени критериуми за успешноста, квалитетот и искуството на тимот што стои зад проектот, според кои, можело да се открие сомнителното професионално минато на овој, како што велат хрватските новинари и филмски професионалци, контроверзен режисер.

Грубишиќ за „Фокус“ негира дека му било понудено да учествува во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, а директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска-Илиевска, вели дека не е нејзина задача да го истражува минатото на физичките лица што се пријавуваат на конкурсите

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”