Преродбата нѐ одроди од Македонија!

by Фокус

Венко Глигоров, бизнисмен и претседател на Комисијата за економија и финансии при Либералната партија, смета дека македонската економија се движи во лош правец.

Смета дека дефиницијата на министерот Ставрески, „немаме за леб, а трошиме за чоколадо“ е извонреден приказ на работите.

„По сите основи сме поделени. Со преродбата „увезовме“ неколку министри и директори, претежно од САД, а „извезовме“ десетици илјади млади и надарени кадри насекаде во светот – некои спомнуваат бројки од неколку стотици илјади млади луѓе.

Уште десетици илјади се на листа на чекање за одење во еден правец. Со ова е кажано сѐ“, вели Глигоров во интервју за „Фокус“.

Се осврнува и на задолжувањата, бенефициите за странските инвестиции, но ја критикува и опозицијата, која не успеала да наметне своја игра во изминативе 9 години.

Сега е во битка за освојување на власта, „не како основен двигател во партискиот ангажман, туку како обид за промена на состојбите“.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”