Позитивна мафија

by Фокус

Луцидната сентенца дека секоја држава има мафија, но некои мафии имаат своја држава, сликовито ја синтетизира спрегата и преплетеноста меѓу државните институции и криминалните структури.

Таквата симбиоза неизбежно генерира политизација на криминалот и криминализација на политиката, што посебно е изразено во правно и безбедносно запуштените и земји со пречки во развојот.

Со доаѓањето на власт, секоја нова политичка гарнитура перфектно е упатена во шемата како големите и лесно спечалени пари, а со нив и бизниси и моќ, доаѓаат од сивата и темна зона.

Се работи за пари стекнати на нелегитимен и криминален начин, па логично е да се одземат и редистрибуираат во духот на дадените ветувања во изборната кампања за борба против криминалот и корупцијата

Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ