Повеќе граѓани од уплашени човечиња

by Фокус

Бев на протестот на Граѓаните за Македонија, пред Влада, на 17 мај. Реки народ, веројатно повеќе отколку што и организаторот очекувал.

Нема да ви пишувам што рекоа од бината, туку ќе ви пишувам што видов во народот. Многу народ пред бината, многу народ и зад бината!

Големиот број луѓе создаде позитивна атмосфера.

Организаторите велат дека масовноста на протестот била и поради тоа што скопјани излегоа во огромен број, заедно со луѓето од внатрешноста кои успеаја да дојдат покрај сите пречки што ги правеше режимот.

Најголемо изненадување беше и големиот број граѓани – Албанци. Беше вистински празник за очи да се види како се врзуваа македонските со албанските знамиња, како граѓаните гушнати меѓу себе пееја македонски и албански песни, а заедно бараа оставка од владата на Груевски.

Беше убаво да се види како врзаните македонско-албански знамиња се вееја меѓу турските, ромските и босанските знамиња.

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”