Половина милијарда евра или половина прасе исто му значат на тој што нема пари ни за половина прасе

by fokus

Пред нас е сезоната на митинзи, оти за неколку недели почнува кампањата за локалните избори.

Се разбира дека партиите пак ќе се расфрлаат со бројки, кој колку ветил, кој колку и што не исполнил, кој колку луѓе имал на митинзите и кој колку гласови ако добие тоа ќе се смета за победа.

Впрочем, предвесник на таа сезона се стоте дена од владата на Заев кога за првпат ќе почне сериозното расфрлање со бројки, успеси и со ветувања.

Но, сите тие бројки се само бесмислен декор оти никој не ги слуша оти никој не ги разбира.

Половина милијарда евра или половина прасе исто му значи на човекот, кој нема пари да си купи половина прасе. И едното и другото му се недостижни. А такви се многу, жалосно многу луѓе во Македонија.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”