Политичките грешки кога може да се поправат – не се гледаат, а кога ќе се видат – доцна е да се поправат

by fokus

Што ако на претстојните локални избори (кои може да се случат некаде на лето ако сега ги распише Талат Џафери или во рана есен ако малку се стрпи) пак победи ВМРО-ДПМНЕ? Онака убедливо го смачка СДСМ и освои најмногу гласови на советничките листи (каде се гласа за партија) а и повеќето градоначалници ги добие?

Што правиме тогаш, ќе му вика ли Заев на СДСМ да го руши режимот? Е па не, режимот на Грујо веќе ќе е срушен, сите институции се со нови кадри од новата гарнитура, и пак СДСМ изгуби.

Прерано е да се зборува за тоа, оти уште не се формирала новата влада? Хм, во медицината има болести кои може да се излечат само додека не се појават првите болки, а штом ќе почне да се чувствува болката, веќе е предоцна за да се стори било што за да се излечи болеста. И во политиката има такви болести.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”