Почина уште едно бебе, здравствените власти молчат

by fokus 13:02
13:02

Само неколку дена откако пукна аферата на скопската Клиника за гинекологија дека околу 80 бебиња починале за првите шест месеци од годината, од кои само 20 во рок од две недели, нов смртен случај на новороденче повторно ја стресе болницата.

Според документите и бројот на болничка историја на пациентката 8261, се работи за родилката К.С. од скопското село Батинци, која на клиниката била донесена како итен случај и имала предвремено одлепена постелка. „Фокус“ разговараше со некои од семејствата на кои им се случила ваква трагедија.

- Advertisements -

Тие чекаат да помине одреден период, болката да се намали, за да споделат со јавноста каква голгота поминале на клиниката, како се однесувале со нив лекарите и сестрите на клиниката и во какви услови се лекувале.

Дури, некои од нив размислуваат и да покренат судски процеси против клиниката или против гинеколозите што го извршиле породувањето. Информирани сме дека веќе имало неколку поплаки од родилки и до Министерството за здравство

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”