Пастирот си заминува на 15-ти јануари, но работата е никогаш да не се врати!

by Фокус

„Фокус“ во понеделникот на својот веб сајт објави тајмер за одбројување на деновите, часовите, минутите и секундите кои му преостануваат на Никола Груевски до неговото заминување од премиерската функција.

Одбројуваме до 15 јануари 2016 година (100 дена пред да се одржат изборите закажани за 24 април), кога според точката шест од Договорот од Пржино во парламентот треба да биде избрана новата преодна влада со нов премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно Груевски ќе си поднесе оставка.

Тајмерите се наменети пред се за забава, а сметањето на времето до заминувањето на Груевски не е ниту предмет на прецизна математичка операција, ниту работа на изборна политичка прогноза.

Важно е, значи, да се одгатне прашањето дали Груевски е веќе историја, а се друго е временски определена егзекуција на неговото конечно политичко упокојување

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”