Партократија: Како Груевски ги направи гласачите зависни од Партијата

by fokus

Денес, партиите, наместо да бидат идејни и политички претставници на одделни социјални слоеви и групи во општеството, се сведуваат и структурираат во класични механизми за легална и полулегална борба за власт, власт и само власт по секоја цена, како инструментален, системски и правно издржан начин да се реализираат одделни доминантно групни и лични интереси на партиското раководство, на штета и врз грбот на целото општество.

Со тоа, политичките партии во современото општество, горе-долу се приближија до основите на општественото постоење и опстанок на мафиите во изминатиот век, со таа разлика што мафијата, за да се збогати, организира стопански и економски активности без да плати данок, а партиите (односно нивните потесни раководства) користејќи (почесто злоупотребувајќи) го легитимитетот на власта, преку инструментите на државната власт, го организираат собирањето на даноците од граѓаните, насочувајќи дел од нив во приватно-партиски цели.

Пишува
д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”