Лет над портокаловото гнездо

by fokus

Една деценија перманентни турбуленции, узурпација, депресија и неизвесност. Модус вивенди партизирана држава со влада раководена од партискиот лидер, кој е и единствен министер за сите ресори, затоа што и премиерот и сите номинални министри се негови трансмисери.

Минуваат самрачни денови, а луѓето со отворени очи бесцелно гледаат во една точка. Поглед фокусиран надвор од реалноста, потонат во нешто недофатливо и силум натурено.

Така импровизираната преродбеничка дивоградба Мафијадонија живее во портокалова општествена елементарна непогода со колективно лудило, каде што ненормалното станува нормално и обратно.

Во таа шизофрено-партиски скалапена држава и болно општество, луѓето тешко сфаќаат дека се болни со уште поболни властодршци. И не ги перцепираат причините, затоа што едни се луди бидејќи немаат ум, а други од премногу памет.

Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”