Партијата што најмногу ги потценува гласачите, на крајот најскапо ќе ги плати

by fokus

Ако се земе дека во најлошите времиња СДСМ никогаш не паднал под 200 илјади гласови, испаѓа дека толку „до смрт“ лојални почитувачи има таа партија. Другите околу 180-190 илјади, може ама и не мора секогаш да ги добие СДСМ, и тие се каприциозни и може да им текне да ја казнат пак партијата ако заклучат дека таа не ја разбрала нивната порака и не го променила своето однесување.

Постојат многумина што мислат дека на изборите 430 илјади гласачи ѝ дале власт на СДСМ. А што ако  само 200 илјади верни фанови ѝ дале власт, 180 илјади ѝ дале последна шанса да покаже што знае и умее, додека 40 илјади Албанци само ја искористиле СДСМ за да им испратат порака на ДУИ и Беса?

Воедно, што ако оние триесетина илјади кои гласаа за десните коалиции, кои не добија пратеници, исто така испраќале порака до ВМРО-ДПМНЕ дека ако се поправи може и да ѝ се вратат?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”