Оригинален плагијат

by Фокус

Златко Глигоров, ликовен уметник, се сомнева оти дизајнот на новата банкнота од 200 денари, на кој е прикажан 41-от Давидов псалм од виничките теракотни икони и мотив од прозорец на Шарената џамија во Тетово, е украден од неговото идејно решение за банкнотите од 200 и 2000 денари на конкурсот на НБРМ.

На конкурсот за банкнотите кои наскоро треба да бидат пуштени во употреба, победил неговиот колега Ласко Џуровски, во чие студио Глигоров ги принтал своите графички решенија, поради што се сомнева дека подоцна се украдени.

Нетранспарентноста на Народна банка за целиот процес на изработка на дизајнот на новите банкноти, кој по изборот на наградените трудови бил покриен со превезот на тајноста и чудните образложенија на МВР во истрагата за можна кражба на авторски права само ги зголемуваат сомневањата за плагијат

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”