Гладна опозиција фер и демократски избори сонува

by Фокус

Секоја власт се крепи на три столба: пари, пендрек и пропаганда.

Рушењето на пендрекниот столб на власта е сега-засега неможно, оти тоа бара револуција, која, пак, против власт која има многу пари и сѐ уште голем број верни поддржувачи, е невозможно да успее.

Но, на другите два столба може да се удри во меѓувремето до предвремените избори, кога и да се случат тие.

За тоа како опозицијата може да ги придобие незаинтересираните граѓани преку издавање сертификати за опозициско дејствување, кои по промената на власта ќе може да се претворат во пари, во висина на уделот од конфискуваните сметки и имоти на сегашната власт, пишував во една неодамнешна колумна.

За да удри ефективно врз пропагандниот столб, пак, опозицијата прво треба да ги исфрли од употреба тезите кои само ѝ носат штета, а никако не ѝ носат корист, т.е. нови гласачи од редовите на тие што се разочарале од Груевски.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”