Одмаздата е господова работа

by fokus

Кој се плаши од одмазда? Кој од уште недојдената нова власт ја очекува одмаздата како нешто „здраво за готово“, природно и нешто нормално! Кому уште отсега му течат лиги и се сили и мечтае за часот кога оваа уште незапочната „одмазда“ од страна на СДСМ ќе поминела и ќе завршела и, кога неговите отпосле пак ќе се врателе на власт, е тогаш ќе било што ќе било!!!

А, бе, тогаш пердуви ќе летале!

На која слатка одмазда уште отсега ѝ се радуваат и се насладуваат вмровциве. Може години ќе поминат, можеби ќе заминат во историјата, ама цело време ќе ги грее, ќе ги бодри чувството на омраза и одмазда кон СДСМ кој има да плати што, ете, така од раце им ја зеде власта.

Тоа е нешто што ДПМНЕ  немало да му го заборави на СДСМ и ќе му вратело со „двоен реваншизам!“ А, кој вика дека ќе има реваншизам, единичен, за потоа да дојде оној двојниот? Кој тоа го очекува? Кому му е тоа во умот?

Пишува
Ана ПАНОВСКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”