Недокажано самоубиство е неоткриено убиство

by Фокус

Случајот на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство кој беше пронајден мртов во својот стан во Скопје, за кого СЈО објави дека добивал закани поради своето сведочење, е пресвртен миг кој упатува јасни пораки во јавноста за монструозните злосторства на Фамилијата, која се обидува да си ја спаси кожата.

Иако првичните траги говорат за самоубиство, можноста за добро организирано убиство или за т.н. наведено самоубиство, кое е, исто така, кривично дело, не се исклучени, особено ако се имаат предвид мотивите на политичкото подземје и бизнис-опкружувањето на Крпач, кој знаел многу информации за криминалот на луѓето од врвот на владејачката партија и за провизиите од најразличните сомнителни бизнис-зделки.

Со оглед на разбирливите сомневања во добрите намери на истрагата за насилната смрт на Крпач што ја води Основното јавно обвинителство во Скопје, институција која е грабната од владејачката врхушка, неизвесно е дали ќе ја дознаеме вистината за овој настан.

Но, пораката за потенцијалните сведоци на СЈО е поразителна – гледајте што може да ви се случи ако сведочите против Фамилијата!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”