Не мора по секоја цена да правиме влада со победникот кај Македонците

by Фокус

Беким Незири, новиот шеф на изборниот штаб на ДУИ, актуелен министер за економија се смета за човек кој имаше метеорска кариера, како во ДУИ, така и во државните органи.

Тој, пак, вели дека неговата кариера има еден логичен след на работите. Во интервју за „Фокус“ говори за очекувањата по изборите.

Навестува ретерирање од досегашната позиција на ДУИ дека победниците од двата блока мора да ја сочинуваат идната владина коалиција, со тврдење дека сега за Македонија е најважно да се соединат платформите на идните коалиционери.

Во интервјуто, Незири негира каква било вмешаност во смената на Мухамед Зекири од Алсат-М, иако не крие дека е близок пријател со сопственикот на телевизијата.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”