Не е злато сѐ што сјае, ниту е демократ секој што под режим чмае

by Фокус

Опозициските протести во Црна Гора и нивниот неуспех покажаа уште еднаш, дека во борбата за власт, кој не е или барем не глуми патриот, подобро ич да не си губи енергија со занимавање со политиката, а за кревање револуции за соборување од власт на режим кој одлично глуми патриотизам, ич да не зборуваме.

Древните Кинези рекле дека тој што не сака да му стават отров во ручекот, треба да не го пцуе готвачот.

Цели десет години во Црна Гора, опозицијата го пцуеше и го навредуваше мнозинството готвачи, па не треба да чуди што сега, го изедоа стапот.

Наместо да се восхитува на храброста на црногорската опозиција, овдешната опозиција треба да извлече јасна поука и од нејзините и од сопствените грешки.

Затоа што Никола Груевски одамна ги има апсолвирано сите мудри лекции од успесите на Мило Ѓукановиќ, а ако дојде „нож до коска“, нема да се гади ни од методите на Башар Ел Асад.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”