Не е битно дали кампањата е црна или бела, битно е да лови гласачи

by fokus

Конечно, се договорија коалициите и се фатија страните. Политичарите едни на други си ги проценија маните. Наскоро, некои од нив, можеби баш тие најаздисаните ќе ги оберат бостаните. Други ќе дознаат за кого бијат камбаните. По кафеаните, а и рестораните, до зори ќе чукаат тапаните, за да се веселат избраните. На некои од репресираните, жртви на заканите, конечно ќе им се залечат раните. Други, оние испокараните, ќе дочекаат од мака да им пукнат душманите. А граѓаните? А селаните? И другите во графата „вечно излажаните“?

За нив, гореопишаните, не останаа други зборови кои завршуваат со „-аните“. Освен можеби зборот „отпишаните“. И можеби „изнервираните“. Кои својот суд, својот глас за настаните ќе може да го дадат таму каде што најмногу вреди – на гласачките места, зад параваните.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”