Национализмот како последното прибежиште на битангите

by Фокус

Чудна симболика. Пред 5 години, на истиот датум 5 јуни 2011, беше еден од серијалите „предвремени избори“, кој ќе се памети и како почеток на масовната изборна измама во Македонија. Но, и по убиството на Мартин Нешковски на Плоштадот, кога ВМРО-ДПМНЕ ја славеше таквата, кој знае која по ред победа.

Да, и по спектакуларното „наредено од горе“ апсење на Љубе Бошковски, кој сѐ уште е во затвор. Да, да, кај нас историјата секогаш се повторува, некогаш како фарса, почесто како трагедија.

Така и деновиве, кога наместо да се концентрираме на она што ни е најпотребно – демократски, слободни и фер избори против режимот на Никола Груевски, но и на Али Ахмети, тие, наместо да се скријат во „глувчешка дупка“, по кој знае кој пат, се обидуваат да ги „шашардисаат“ нивните „народни“ послушни следбеници со уште една доза на патриотско-националистички и верски „играрии“. Ред орел (поточно, два), ред крст, па ред јарбол со знаме, и тоа кој од кој повисоки.

Па, покрај сите најавувани пресметки и војни на божемните „патриоти“ со бројните „предавници“ и со сите што не мислат како нив, да дотураат огин на она што најлесно може да се запали – меѓуетничките и меѓуверските односи. Меѓутоа, веќе постои и лек за таквите налудничави идеи.

Од памтивек е познато. Национализмот и квазипатриотизмот се последното прибежиште на битангите. И на мафијашите. Кои, наместо ум – мускули покажуваат. Овој пат, воопшто нема да им помине. Прочитани се, и точка!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”