На „отслужените“ полицајци им вадат душа со памук

by Фокус

Логиката на полициското началство е дека стекнатата позиција во хиерархијата мора да се чува и брани со заби и нокти и да се напредува во кариерата до врвот на својата некомпетентност.

Посебен основ за вадење од употреба на неподобните колеги, односно трансферирање од категоријата активно во пасивно овластено службено лице, се практикува за т.н. разобликувачи или популарно прифатениот жаргон „свиркачи“.

Toa се оние припадници на службата кои укажуваат на разновидни злоупотреби и криминал, со што практично се категоризираат во инсајдери или „кртови“.

За таквата сорта, според извртената логика на оние од горе, но и од колегите, не може да биде виновен тој што го подметнал пожарот, туку тој што кажал дека има пожар…

(Авторот е долгогодишен разузнавач и безбедносен експерт. Ова е дел од неговата серија колумни за „Фокус“ под заеднички наднаслов „Тоа е живот полициски“)

Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”