Груевски не почитува ништо – ни закон, ни Устав, ни јавност, ни опозиција!

by Фокус

Заев оцени дека е време да му застане на пат на игрите на Груевски и соопшти дека ги прекинува преговорите бидејќи се бесмислени и никаде не водат. Овој потег на Заев го вклучи алармот во ЕУ.

Тие сфатија дека во државата ништо нема да се промени, дури ќе стане уште полошо, ако итно не интервенираат. Во тоа ги убеди самиот Груевски.

Тој, наместо да ги прифати обврските од јунскиот Договор и да не ги руши преговорите со Заев, со својата ароганција, спротивно на тоа, разработи тактика за стегање на обрачот околу Заев.

На сите тие работи, Заев кога виде дека Груевски навистина нема намера да си оди од премиерската функција, ги прекина преговорите. Во ЕУ, откако сфатиле дека пак ќе бидат изиграни од Груевски, за 14 јули закажаа средба на лидерите на четирите парламентарни партии.

Резултат на таа трескавична активност на Хан, Кукан, Ховит и Вајгел од една, и високиот вашингтонски функционер г-ѓа Нуланд од друга страна, е потпишаниот дополнителен Договор на 15 јули.

Пишува
Стојан АНДОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”