На лута рана – лута трева, а против лукав противник – лукава стратегија треба

by Фокус 11:37
11:37

Дури и кога спроти себе како противник го имаш некој како Ахил, не вреди да се однесуваш како Хектор, оти ако бидеш поразен, сѐ што си сакал да одбраниш, ќе нема кој да го сочува од суровоста на победникот.

А, пак, кога спроти себе го имаш за непријател некој со карактер како оној на Филип Втори, ни на крај памет не смееш да бидеш наивен како Хектор што бил.

- Advertisements -

Туку, од Филип поголем Филип, од итрецот поголем итрец, од лукавиот полукав, од решителниот мораш да бидеш порешителен.

Јас не се сомневам дека во редовите на опозицијата има мнозина Хектори, чесни луѓе спремни храбро да се борат против режимот и да жртвуваат многу за да го победат злото.

Ама сите Хектори на светот не би биле доволни да поразат и еден единствен Филип Втори.

Прашањето е, има ли во редовите на опозицијата не луѓе, туку барем и елементарна свест за потребата, барем и привремено, да дојде од израз една „филиповштина“, без која не може да се порази злото, кое, пак, ако остане непобедено, потоа довека ќе ја уништува Македонија.

Има ли?

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”